x

Објавени личните податоци на над половина милијарда Facebook корисници

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 06 Април, 2021 од GSM.mk

На интернет денеска неовластено се појавија личните податоци на над половина милијарда корисници на Facebook.

Инцидентот уште еднаш укажа на тешкотиите што оваа компанија ги има со складирањето на чувствителните информации, пренесе Bloomberg.

Американската новинска агенција наведува дека во информациите што „протекоа“ се вклучени Facebook ID на корисникот, телефонскиот број, целосното име, локација, претходни локации, датум на раѓање, е-пошта, приватен статус и биографијата на Facebook.

„Чувствителни лични податоци се појавија на хакерски форум, претставувајќи потенцијален ризик за милиони трговци со криптовалути и луѓе кои сега можат да бидат ранливи на разни напади преку интернет“, вели Алон Гал, технички директор на фирмата за безбедност Hudson Rock.


Гал тврди дека „протекувањето“ на податоците е поврзано со безбедносна грешка што за првпат била откриена во 2019 година, а во јануари 2021 година било утврдено дека хакерите, исто така, можеле да ги користат информациите за пристап до телефонските броеви на корисниците

Според Гал, информациите сега можат да бидат корисни за хакерите за разни видови измами, како и за да им служат на маркетинг цели.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.