x

Очекувани Apple производи: iPhone 12, iPad Pro 5G и многу повеќе!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 28 Април, 2020 од GSM.mk

Ова е листа на потенцијални Apple производи кои не очекуваат оваа година:

1. Apple StudioPods

Credit – Curved - Upcoming Apple products: iPhone 12 to iPad Pro 5G, AirTags to AirPower, and everything in between

Apple работи на премиум слушалки веќе неколку години, но овој пат станува збор за еден поинаков вид. Додека досега трендот беше производство на се помали и безжични слушалки, овој пат станува збор за традиционален модел. Нивното најавување го очекуваме за време на WWDC 2020 настанот во јуни.

2. Apple AirPods Lite

AirPods веќе се едни од најпродаваните безжични слушалки во светот, но Apple планира да го однесе нивниот успех на едно сосема друго ниво. Станува збор за буџетска и евтина верзија која ќе биде позната како Lite. 

3. Apple AirTags

AirTags се мали уреди кои му помагаат на сопственикот да лоцира одредени производи кои можеби се изгубени, како клучеви, новчаник, или пак поголеми, како лаптоп, торба и слично. Нив истотака ги очекуваме во јуни.

4. iPhone 12

Со iPhone 12 серијата сме веќе добро запознаени. Доколку се оди по план, новите смартфони ќе бидат претставени во септември. Ќе бидат достапни три нови модели со нов процесор, нови камери и екрани.

Upcoming Apple products: iPhone 12 to iPad Pro 5G, AirTags to AirPower, and everything in between

5. Apple Watch Series 6

Исто како претходната серија, и оваа серија ќе го задржи истиот дизајн кој беше претставен со Series 4 во 2018 година. За среќа, ќе бидат достапни неколку нови функции, вклучувајќи Sleep Tracking и поголема батерија.

6. iPad Air 4, iPad 8 и iPad Mini 6

The 2018 iPad Pro - Upcoming Apple products: iPhone 12 to iPad Pro 5G, AirTags to AirPower, and everything in between

Откако ги подобри своите Pro модели, Apple следно планира да ги промени и буџетските верзии. 

Најпрво, четвртата серија од iPad Air ќе има 11 инчен дисплеј со A14 Bionic во внатрешноста и Touch ID. Ќе има и Apple Pencil поддршка.

Буџетскиот iPad доби големи промени во септември, 2019-та, така што од него не очекуваме голем број новитети овој пат. Ќе го има истиот 10.2 инчен дисплеј со подебели рамки, заедно со A12 Bionic. 

Последно, Apple работи на нов iPad Mini кој ќе доаѓа со новиот A14 Bionic, но останатите детали сеуште не се познати.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.