x

Од 2007 до сега се продадени 1.2 милијарди iPhone единици!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Август, 2017 од GSM.mk

За време на неговата конференција, CEO Tim Cook сподели дека Apple има продадено 1.2 милијарди iPhone единици од неговото претставување во 2007, до сега.

Минатата година овој период, компанијата имаше продадено 1 милијарда единици, што значи дека од тогаш до сега, успеала да продаде уште 200 милиони уреди. Cook нагласи дека продажбата на Apple уредите во моментот е одлична, особено со новопретставените iPhone единици.


Како што сите знаеме, Apple фанатаците со нетрпение го очекуваат претставувањето на новиот iPhone 8. За прославување на десетгодишнината од постоењето на iPhone единиците, Apple припрема премиум модел со револуционерен дизајн и неверојатни спецификации. За среќа, неговото претставување е многу блиску. И ние го чекаме со нетрпение, а вие?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.