x

Одиме во иднината: Пристигна деветтата сезона на „Fortnite“

Категорија: Забава Објавено на 12 Мај, 2019 од GSM.mk

Лесно е да се заборави на новата, деветта сезона на „Fortnite“ во период кога се случија толку многу спектакуларни настани. Сепак, таа пристигна неодамна и со себе ја носи иднината.

Приказната започнува со тоа што Џонси и Бананамен по ерупцијата на вулканот, која опустоши голем дел од мапата, влегуваат во бункер каде по некое време се сретнуваат со неколку нови карактери. Новата средина со сигурност ќе ве воодушеви со новите локации и футуристички елементи.

Заедно со деветтата сезона пристигна и новиот Battle Pass, со кој доаѓаат неколку нови скинови со фантастичен дизајн инспириран од иднината. Играчите ги очекуваат и средби со роботи, тајни агенти, но и Џонси од иднината, со долга брада и пуштена коса.

Деветтата сезона на „Fortnite“ започна фантастично и дополнително доби на популарност. Како ви се допаѓа на вас? Оставете ги вашите коментари.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.