x

Официјален постер од Galaxy Note 8!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Август, 2017 од GSM.mk

Бидејќи најавувањето на Galaxy Note 8 е се поблиску и поблиску, добиваме се повеќе информации и фотографии од уредот. Да погледнеме за што станува збор овој пат:

Овој пат, ги добивме официјалните постери од уредот, постирани две недели пред неговото најавување. Според сликите, инаку постирани од Evan Blass, уредот ќе доаѓа со елегантен дизајн без рамки, и ќе функционира со пенкало.

Истотака, на фотографиите пишува “Do bigger things”, што алудира на голем дисплеј, иако според некои шпекулации екранот можеби ќе биде ист како оној на Note 7. Note 8 официјално ќе биде најавен на 23 август, а ќе биде претставен на 15 септември.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.