x

Официјални фотографии од Samsung Galaxy S10 Plus: Модерен дизајн, отвор во дисплејот

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 04 Декември, 2018 од GSM.mk

Samsung Galaxy S10, S10+ и S10 Lite се едни од најочекуваните уреди за 2019 година. Откако се запознавме детално со S10, време е да погледнеме што ќе нуди неговиот "поголем брат", S10 Plus:

Почнувајќи од предниот дел, Galaxy S10+ ќе доаѓа со истиот дизајн како и повеќето уреди на Samsung во изминативе години, но со една значителна промена - бидејќи станува збор буквално за full screen панел, на горната страна во десниот агол има отвор за селфи камерата. Истотака, наместо една, не очекуваат две предни камери. 

Преминувајќи на задната страна, станува збор за сличен дизајн како оној на Note 9 со хоризонтално поставени камери. Овој пат, наместо две, ќе доаѓа со три камери - две од 16 и една од 13 мегапиксели. Уште една промена е позицијата на скенерот за отпечатоци. Досега скенерот обично се наоѓаше на задната страна, а кај S10 Plus имаме помодерен, скенер за оптчетоци под дисплејот.


Во внатрешноста на уредот ќе се наоѓа Exynos 9820 или Snapdragon 8150 процесор, придружен од најмалку 6GB RAM. Дисплејот ќе биде 6.4 инчен, а батеријата од 3,700mAh. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.