x

Официјално Apple iPhone Xr: LCD екран, Face ID и многу бои

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 13 Септември, 2018 од GSM.mk

Конечно, после долги шпекулации Apple ги претстави новите iPhone модели, iPhone XR, iPhone Xs и iPhone Xs Max. Да започнеме со најевтиниот меѓу нив - iPhone XR:

Достапен во низа различни бои и со полесно, алуминиумско тело, iPhone XR на прв поглед навистина наликува на iPhone X со својот edge-to-edge екран, Face ID, а за разлика од Xs и Xs Max, доаѓа со само една камера на задната страна и со LCD, наместо OLED панел. 

Најпрво, конструкцијата на iPhone Xr е сеуште од стакло и метал со алуминиумска рамка. Достапен е во 6 бои: бела, црна, сина, корална, жолта и црвена. Доаѓа со IP67 водоотопорност, малку послаба од IP68 која ја има кај останатите Xs модели. 


LCD панелот кој се наоѓа на уредот е она што Apple го нарекува "Liquid Retina" и компанијата тврди дека е "најнапредниот LCD панел кој постои на смартфон". Станува збор за 6.1 инчен панел со резолуција од 828 x 1792 пиксели. Интересно е што резолуцијата е поголема од онаа во iPhone 8 Plus и покрај тоа што станува збор за буџетски смартфон. Како што беше очекувано, не вклучува 3D Touch.

Apple iPhone Xr is now official: LCD screen, Face ID, plenty of colors

На предната страна се наоѓа Face ID и True Depth камерата, која работи исто толку добро како и кај другите iPhone уреди. Исто како кај iPhone X, нема физичко Home копче.

Под хаубата, се наоѓа Apple A12 Bionic, првиот 7nm чип во светот, исто како и кај Xs и Xs Max. Процесорот е придружен од 3GB RAM и 64GB, 128GB или 256GB меморија.

Да се навратиме на камерите. Како што рековме, за разлика од останатите два овогодишни модели, iPhone Xr доаѓа со една камера од 12 мегапиксели, додека селфи камерата е од 7 мегапиксели. Иако станува збор за една камера, доаѓа со Portrait Mode. Капацитетот на батеријата сеуште не е познат, но знаеме дека е поиздржлива за 1 час и 30 минути од онаа на iPhone 8 Plus, што е импресивно, бидејќи 8 Plus е уред со една од подобрите батерии на пазарот.

Apple iPhone Xr is now official: LCD screen, Face ID, plenty of colors


Во однос на цената, iPhone Xr ќе чини околу 750 долари. Датумот на достапност е малку подоцна од оној на iPhone Xs - 26 октомври. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.