x

Официјално: Asus ZenFone 6 серијата доаѓа на 16 мај!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Март, 2019 од GSM.mk

Asus официјално потврди дека ZenFone 6 серијата ќе биде претставена на 16 мај во Шпанија..

Датумот, кој претходно се збореше дека ќе биде 14 мај, беше најавен заедно со видео на социјалните мрежи на компанијата. Во него, Asus се навраќа на претходните пет генерации и потоа ги најавува новите уреди.

За жал, компанијата не сподели никакви информации за спецификациите на уредите, но најави дека "пристигнува револуција" и драстични промени. Доколку се точни дел од информациите кои се појавија претходно, најверојатно ќе станува збор за промени во дизајнот - премиум конструкција со стакло, голем дисплеј, минимални рамки и дупка наменета за селфи камерата. На задната страна очекуваме три камери.


Од внатрешните спецификации, очекуваме Asus да претстави три смартфони - еден премиум, еден од средната класа и буџетска верзија, заедно со Snapdragon 855, Snapdragon 670 и Snapdragon 632.

Секој од овие модели ќе има "агресивна" цена. Всушност, премиум ZenFone 6 верзијата ќе има слични цена како OnePlus 6T. Од друга страна, останатите верзии ќе може да се споредат со малку побуџетски уреди, како оние на Xiaomi.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.