x

Официјално Galaxy Z Flip: Уредот на иднината!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Февруари, 2020 од GSM.mk

Заедно со Galaxy S20 серијата, на 11 февруари Samsung го претстави својот нов уред на преклопување - Galaxy Z Flip:

Galaxy Z Flip не е следбеникот на Galaxy Fold, туку е директен ривал на Motorola RAZR кој ќе биде претставен наскоро. 

Уредот има 6.7 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2636 пиксели, заедно со втор дисплеј од 1 инч на надворешниот дел наменет за нотификации. Кога е отворен, целосните димензии се од 167.3 x 73.6 x 7.2 mm, а кога е затворен, димензиите се од 87.4 x 73.6 x 17.3 mm. Изграден е од стаклена конструкција со алуминиумска рамка. 


Под хаубата доаѓа со Snapdragon 855+, 8GB RAM и 256GB меморија. Батеријата е од 3300 mAh. Истотака, има две камери кои се од 12 мегапиксели, едната е широкоаголна и другата е ултра широкоаголна. Селфи камерата е од 10 мегапиксели. Скенерот за отпечатоци е сместен од страна. 


Galaxy Z Flip е достапен во црна, виолетова и златна боја, а неговата цена ќе биде околу 1300 евра. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.