x

Официјално: GSMA го откажа MWC 2020 настанот!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Февруари, 2020 од GSM.mk

GSMA сподели лоши вести во врска со MWC 2020 настанот..

Официјално - MWC 2020 настанот нема да се одржи овој месец во Барселона. Ваквата одлука беше споделена откако беше одржан итен состанок од страна на GSMA. Состанокот требаше да се одржи во петок, но откако се појавија голем број загрижувања околу корона вирусот, GSMA мораше да ја промени својата стратегија. 

Главната причина позади откажувањето е безбедноста на присутните, особено нивното здравје. Се разбира, другата причина е што голем дел од големите компании веќе го откажаа своето присуство на настанот. Дел од овие компании беа Sony, LG, Amazon, Facebook и многу повеќе. 

GSMA сега ќе се фокусира на MWC Shanghai и MWC Los Angeles настаните, кои ќе се одржат подоцна оваа година. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.