x

Официјално Honor 7X: all-screen дизајн, дуален систем камери и цена од 200 долари

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 06 Декември, 2017 од GSM.mk

Huawei Honor 7X конечно ја доби својата глобална премиера. Уредот беше најавен во октомври во Кина, а ова утро беше конечно претставен. Накратко, станува збор за уред од средната класа со пристојни спецификации..

Како што се очекуваше, уредот вклучува all-screen дизајн. Неговите рамки не се најтенки кои сме ги виделе досега на смартфон, но Honor тврди дека 82.9% тело-дисплеј соодносот е највисокиот досега, барем во оваа категорија смартфони. 


На предната страна се наоѓа Full HD 5.93 инчен дисплеј со 18:9 сооднос. Тоа е голема разлика во споредба со 5.5 инчниот 16:9 панел на неговиот претходник, Honor 6x. Скенерот за отпечатоци се наоѓа на задната страна, заедно со дуалниот систем камери. Доаѓа со алуминиумски дизајн. Камерите на задната страна се од 16 и 2 мегапиксели, а селфи камерата е од 8 мегапиксели.

Под хаубата, се наоѓа Kirin 659 процесор, придружен од две варијатни. Едната варијанта доаѓа со 3GB RAM/32GB ROM и ќе биде продавана во Америка, а другата доаѓа со 4GB RAM и 64GB меморија и е наменета за европскиот пазар. Работи на батерија од 3340mAh. 


Во Америка, Honor 7X ќе биде достапен во сина и црна варијанта по цена од 199 долари. Во Европа, ќе доаѓа во сина, црна и златна боја, а цената ќе биде 299 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.