x

Официјално Honor 7X: дуален систем камери и цена од 200 долари

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Октомври, 2017 од GSM.mk

Како што очекувавме, Honor го претстави Honor 7X, смартфон од средната класа. Да погледнеме што нуди:

Honor 7X работи на Kirin 659, заедно со 4GB RAM и 32GB, 64GB или 128GB меморија. Со големиот 5.93 инчен дисплеј со резолуција од 2160 x 1080 пиксели, 7X е првиот смартфон на Honor кој доаѓа со 18:9 панел. Истотака е подобрен спрема неговиот претходник, кој доаѓаше со 5.5 инчен дисплеј и full HD (1080p) резолуција.

Под хаубата, се наоѓа батерија од 3340mAh, a софтверот е Android 7.1 Nougat. На задната страна се наоѓа дуален систем камери од 16 и 2 мегапиксели, под кои се наоѓа скенерот за отпечатоци. Селфи камерата е од 8 мегапиксели.

Достапен е во сина, црна и златна боја. Неговата почетна цена е 200 долари за моделот со 32GB меморија, 260 долари за моделот со 64GB меморија и 305 долари за оној со 128GB меморија.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.