x

Официјално Honor View 10: Најдобриот телефон на Honor досега?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 06 Декември, 2017 од GSM.mk

Покрај претставувањето на следбеникот на 7X, ова утро Honor претстави и најпремиум Honor уред досега, Honor View 10. Да погледнеме што нуди:

Исто како 7X, Honor View 10 доаѓа со алуминиумски дизајн. Има елегенатнен дизајн и поради недостатокот на стакло, не само што не се лизга, туку е и поиздржлив. Иако нема флексибилен екран, доаѓа со тенки рамки и 18:9 сооднос. 

View 10 доаѓа со 5.9 инчен FHD+ дисплеј со резолуција од 2160 x 1080 пиксели. Работи на Android 8.0, 6GB RAM и 128GB меморија. Батеријата е од 3750mAh.

На задната страна, се наоѓа дуален систем камери од 20 мегапикселна и 16 мегапикселна камера. Се разбира, достапен е и bokeh ефекетот. 13 мегапикселната селфи камера може да постигне сличен ефект. 


Достапен е во сина, црна, златна и црвена боја. Почетната цена ќе биде околу 500 евра. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.