x

Официјално Huawei Mate 10 и Mate 10 Pro: Спецификации, дизајн, достапност

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Октомври, 2017 од GSM.mk

Како и сите популарни компании во смартфон светот, стратегијата на Huawei е да претстави една "обичeн" модел и неговата Pro верзија. Да ги запознаеме најновите телефони на Huawei, Mate 10 и Mate 10 Pro:

Во изгледот, Mate 10 и Mate 10 Pro изгледаат речиси исто. Mate 10 е подебел и помал од двата, со 5.9 инчен дисплеј, 2,560 x 1,440 пиксели и 16:9 сооднос. Pro верзијата, од друга страна, доаѓа со 6 инчен "FullView" OLED дисплеј, 18:9 сооднос и 2160 x 1080 пиксели. Под дисплејот се наоѓа скенерот за отпечатоци, доколку ја имате обичната верзија, или Huawei логото доколку го имате Pro моделот.

На задната страна, кај двата смартфона се наоѓа дуален систем камери. Исто како кај P10, се состои од 12 и 20 мегапикселни камери. Селфи камерата е од 8 мегапиксели. 

Разликите меѓу Mate 10 и Mate 10 Pro не се само на надворешната страна. Иако и двата доаѓаат со Kirin 970, 4GB RAM и 64GB меморија, Pro верзијата ќе доаѓа во уште една варијанта, со 6GB RAM и 128GB меморија. Двата имаат батерија од 4000mAh. Работат на Android 8.0 Oreo.

Mate 10 ќе биде достапен при крајот на октомври, по цена од 700 евра. Mate 10 Pro, од другата страна, ќе биде достапен од средината на ноември, по цена од 800 долари за верзијата со 6GB RAM и 128GB меморија. 


Последно, и двата се достапни во 4 бои: Mate 10 во кафена, розева, црна и златна, додека Mate 10 Pro ќе биде достапен во кафена, розева, сина и сива. Има заинтересирани? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.