x

Официјално Huawei Mate 10 Lite: 4 камери и 5.9 инчен дисплеј

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 23 Септември, 2017 од GSM.mk

Mate 10 е еден од последните смартфони кои ќе ги видиме оваа година, кој Huawei тврди дека вреди да се чека. Денес, Huawei го претстави Maimang 6 (Mate 10 Lite), првиот смартфон на компанијата со 18:9 сооднос..

Смартфонот беше претставен во Кина под името Maimang 6, а на другите места од светот ќе биде претставен како Mate 10 Lite. Достапен е во црна, златна и сина варијанта, по цена од 365 долари. Неговата продажба ќе започне на 30 септември.

Maimang 6 е првиот уред на компанијата со 5.9 инчен full HD (1080p) дисплеј и 18:9 сооднос. Покрај тоа, доаѓа со две селфи камери од 13 и 2 мегапиксели и дуален систем камери на задната страна од 16 и 2 мегапиксели. 

Под хаубата, се наоѓа Kirin 659, заедно со 4GB RAM и 64GB меморија. Скенерот за отпечатоци се наоѓа на задната страна. Работи на батерија од 3340mAh и Android 7.0 Nougat. 

Како звучи? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.