x

Официјално Huawei Mate 20 и Mate 20 Pro: Брзо полнење, скенер под дисплејот и модерен дизајн

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 17 Октомври, 2018 од GSM.mk

Иако Huawei сеуште се нема целосно пробиено на американскиот пазар, на останатите места од светот компанијата стекнува се поголема популарност со своите моќни, а прилично евтини уреди. Конечно, Huawei претстави уште два вакви смартфони - Mate 20 и 20 Pro:

Дизајн

Во однос на изгледот, Mate 20 и Mate 20 Pro доаѓаат со нов, модерен дизајн, наречен Hyper Optical Patter, кој прави телефоните да не се лизгаат од рака, дури и кога ги користите без заштитна маска. На предната и задната страна се наоѓа стаклена конструкција, придружена од алуминиумска рамка од страните. Достапни се во сина, зелена и сива боја. 

Дисплеј

Mate 20 Pro има голем 6.3 инчен OLED дисплеј со 19.5:9 сооднос, додека Mate 20 доаѓа со поскромен, LCD панел, но со повеќе инчи, 6.5, FHD+ резолуција и интересен 18.7:9 сооднос. 


Спецификации

Со претставувањето на Mate 20 и Mate 20 Pro се запознавме и со новиот 7nm процесор на Android. Како A12 Bionic на Apple, станува збор за процесор кој овозможува брзи и моќни перформанси, без да ја троши батеријата. Според првите Geekbench тестирањата на Kirin 980, single-core резултатот беше од 3390, додека multi-core тестирањето постигна резултат од 10318. Тоа е значително поголем резултат од оној на Note 9 сo Exynos 9810 или OnePlus 6 со Snapdragon 845. Од друга страна, сепак е понизок од резултатот на iPhone Xs и Xs Max, постигнат со помалку RAM.

Кај Mate 20 Pro, процесорот е придружен од две верзии. Корисниците ќе може да бираат меѓу 6 и 8GB RAM, како и 128 или 256GB меморија. Mate 20 нуди 4 и 6GB RAM, заедно со 128GB меморија. 

Камери

Камерите се најинтересниот дел од новите уреди. Станува збор за систем од три сензори на задната страна, кои гарантираат професионални слики. Mate 20 Pro има 40 мегапикселна главна, 8 мегапикселна секундарна, широкоаголна, камера и трета телефото камера од 20 мегапиксели. Камерите се придружени од 5x зум. Mate 20 доаѓа со "поскромен" систем камери, составен од 12 мегапикселна главна, 16 мегапикселна широкоаголна и 8 мегапикселна трета камера. И двата уреди имаат селфи камера од 24 мегапиксели. 

The Mate 20 and Pro are official: ultra-fast charging, 7nm chip and in-display scanner

Батерии

За справување со речиси 30% повеќе пиксели во споредба со Mate 10 Pro, како и помоќните спецификации во внатрешноста, Mate 20 Pro доаѓа со батерија од 4200mAh, а Mate 20 со малку помала батерија, од 4000mAh. Брзиот полнач кај Mate 20 Pro ветува 70% полнење за 30 минути и помалку од еден час за целосно полнење. Овој пат, смартфоните нудат и безжично полнење. 

Цена и достапност

Со моќните спецификации, доаѓаат и високи цени. Почетната цена на Mate 20 Pro ќе биде 1049 евра во Европа, додека Mate 20 ќе чини 799 евра. Покрај нив, Huawei планира да претстави Porsche Design Mate 20 RS верзија oд 1695 евра, како и 7.2 инчен Mate 20 X со батерија од 5000mAh, наменет за гејмери. Продажбата на 20X ќе започне од 26 октомври, по цена од 899 евра. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.