x

Официјално iOS 13: Сите нови функции!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 05 Јуни, 2019 од GSM.mk

Деновиве Apple официјално го претстави новиот оперативен систем iOS 13. Ова се сите новости кои доаѓаат со него:

1. Dark Mode

Корисниците веќе подолго време бараа темна тема од Apple и после долго време ја добија конечно. Станува збор за тема која нуди потемни, црни и темно-сиви нијанси, со цел да ја заштеди батеријата и да им понуди на корисниците подобро искуство. Целиот систем доаѓа со редизајниран изглед.


2. Подобрувања на перформансите

iOS 12 доаѓаше со големи подобрувања во перформансите и функционалноста, но iOS 13 ја продолжи традицијата со уште неколку промени. Компанијата вети дека симнувањата апликации со iOS 13 ќе биде 50% помала, додека ажурирањето на апликации ќе биде 60% помало. Ова значително ќе го убрза процесот на симнување и ажурирање. 

Другата добра вест е што отварањето и користење апликации ќе биде 2 пати побрзо! Од другите подобрувања, Apple го спомна Face ID, кој ќе работи 30% побрзо со новиот оперативен систем.


3. Подобрени iMessage, Mail, Notes и Reminders

Обично Apple не најавува големи промени кај своите основни апликации, но оваа година и дел од нив добија подобрувања.

Rich text formatting in Mail


4. Apple Maps добива подетална мапа и Street View

iOS 13 is official, here are all the new features

Секоја година Apple претставува подобрувања кај Google Maps, a овој пат станува збор за нова функција, наречена Street View. Станува збор за подетална мапа со прецизни адреси и подобра покривност на улиците.

5. Слики

Уште едно подобрување. Овој пат, се работи за Photos апликацијата која ќе биде различно организирана, вклучувајќи ново мени со All Photos (Сите фотографии), Days (Денови), Months (Месеци) и Years (Години).


Достапност

Рана iOS 13 верзија е веќе достапна за одредени корисници. За јавноста, бета верзија ќе биде достапна од јули. Конечно, iOS 13 ќе биде достапен за сите од септември, заедно со претставувањето на новата iPhone серија. Со iOS 13, update-тот ќе почне од iPhone 6s.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.