x

Официјално iPhone X: Побрз, попаметен и помоќен!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Септември, 2017 од GSM.mk

9 јануари, 2007 година е денот на кој Apple ја промени иднината на смартфоните со својот iPhone. Денеска сме сведоци на претставувањето на телефонот кој ја обележува десетгодишнината од постоењето на тој уред. Ви го претставуваме iPhone X:

Дизајн и дисплеј: Едноставно прекрасни

Иако веќе бевме запознаени со дизајнот на уредот, благодарение на големиот број слики кои се појавија уште пред неговото претставување, официјалното претставување на уредот беше еднакво возбудливо. Една од најинтересните делови од дизајнот е дисплејот, кој го покрива речиси целиот преден дел. Станува збор за AMOLED дисплеј, т.н Super Retina дисплеј, во комбинација со OLED технологијата. Неговата големина е 5.8 инчи, а резолуцијата е 2436 x 1125 пиксели. Иако Super Retina дисплејот е доволно импресивен и сам по себе, Apple ја додаде својата True Tone технологија, која ја има во iPad Pro. Тоа значи дека уредот автоматски ќе ја прилагоди "температурата на боите" на екранот, во зависност од светлината околу вас. Целосниот уред е изработен од челик и најцврстото стакло досега видено на телефон, според Apple. Достапен е во две бои: сива и црна.

Face ID

Бидејќи предната страна е целосно окупирана со дисплејот, нема место за физичкото Home копче, што значи дека нема Touch ID за отклучување на уредот. Наместо него, телефонот користи нова технологија, наречена Face ID. Како што објаснува самото име, корисниците ќе може да го отклучат својот iPhone X, користејќи го своето лице. Постои 1 во 1,000,000 шанса некој друг да може да го отклучи вашиот телефон. Безбедни сте!

Apple iPhone X is announced with stunning design, gorgeous display, Face ID, and $1000 price tag

Камери
На задната страна, добиваме дуален систем камери, сличен како кај iPhone 8 Plus, со две 12 мегапикселни камери. Сензорите се поголеми и побрзи од оние на претходните модели. Нова функција е и оптичката стабилизација кај двете камери. Резултатот е почисти слики, дури и при зумирање на ниска светлина. 


Animoji
Apple претстави и нова функција, наречена Animoji, со iPhone X. Станува збор за анимирани емотикони. Сега доаѓа интересниот дел. Користејќи го сензорот за скенирање на лицето, телефонот може да го анимира карактерот да одговара на вашиот израз на лице и емоција. Ќе бидат достапни во iMessage.
 
Apple iPhone X is announced with stunning design, gorgeous display, Face ID, and $1000 price tag

Apple iPhone X is announced with stunning design, gorgeous display, Face ID, and $1000 price tag

Apple iPhone X is announced with stunning design, gorgeous display, Face ID, and $1000 price tag

Animoji on the iPhone X

Animoji on the iPhone X

Animoji on the iPhone X


Процесор и хардвер: Најмоќниот досега

Како и што беше очекувано, Apple претстави нов систем со уредот, наречен Apple A11 Bionic. Меморијата започнува со 64GB, а достапни се и 256GB меморија за оние на кои им е потребно повеќе место. Аpple сеуште не го најави точниот капацитет на батеријата, но знаеме дека ќе трае 2 часа повеќе од онаа на iPhone 7. Достапни се две опции со батеријата. Едната е брзо полнење: со 30 минути полнење ќе дојдете до 50% батерија. Втората е безжичното полнење. 

Цена и достапност

iPhone X нема да биде евтин. Неговата цена ќе започне од 999 долари за моделот со 64GB меморија, што е 300 долари повеќе од цената на iPhone 8. Варијантата со 256GB меморија чини 1150 долари. Претпродажбата ќе започне на 23 октомври. Во продавниците официјално ќе биде достапен од 3 ноември. 


Споделете го вашето мислење за iPhone X. Ги исполни вашите очекувања?


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.