x

Официјално iPhone Xs: Подобрената верзија на iPhone X!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 13 Септември, 2018 од GSM.mk

Под надзор на Tim Cook, маркетинг претседателот на Apple, Phil Schiller, ги претстави новите iPhone модели. Додека iPhone Xr е најевитниот меѓу нив, премиум моделите, Xs и Xs Max се оние кои го привлекоа вниманието на фановите. Вака изгледа iPhone Xs:

Ист дизајн, нова боја

 iPhone XS е подобрената верзија на минатогодишниот iPhone X со ист дизајн, 5.8 инчен OLED панел и исти димензии, но подновена со нова боја и подобрени внатрешни перформанси. Иако iPhone XS го има истиот дизајн како неговиот претходник, вклучувајќи го елегантниот изглед со стаклена конструкција од предната и задната страна, придружена од челична рамка, има една интересна промена со која доаѓа. Наместо Space Gray и Silver верзиите кои ги знаеме од минатогодишниот iPhone X, XS и XS Max доаѓаат во нова верзија, со златна рамка и златна стаклена конструкција на задната страна. 

iPhone Xs and Xs Max announced by Apple

Додека буџетскиот iPhone Xr доаѓа со LCD панел, iPhone Xs и Xs Max имаат прекрасен OLED панел. Како што рековме, Xs има 5.8 инчен панел со резолуција од 1125 x 2436 пиксели и висок, 19.5:9 сооднос.  

iPhone Xs and Xs Max announced by Apple

Камери: Сериозно подобрени со нови функции

Иако станува збор за истото 12 мегапикселно дуо на задната страна и селфи камерата од 7 мегапиксели, Apple ги има подновено камерите со неколку нови функции. Додека бројот на пиксели е ист, како и 2x зумот, главната камера доаѓа со нов и поголем сензор со 1.4 μm. Иако ова дефинитивно ќе го подобри квалитетот на фотографиите, друга возбудлива функција со која доаѓаат е Smart HDR. 

Функцијата прави неколку фотографии со различни вредности на експозиција кои потоа се складираат заедно за да се создаде една слика со многу подобар динамички опсег отколку што би можела камерата сама по себе да произведе. Тоа значи дека Xs може да ги опфати подобро деталите, како и сенките на фотографиите. Во еден од примерите кои ги покажа Apple, наведе дека корисникот може да слики предмети и наспроти сонце или друг извор на светлина, а камерите ќе успеат да направат квалитетна фотографија.


Моќни перформанси

Исто како кај Xs Max, во внатрешноста се наоѓа новиот Apple A12 Bionic - првиот 7nm чип во светот и според Apple, "најпаметниот и најмоќниот чип досега виден во смартфон". Придружен е од 4GB RAM и 64/256/512 GB меморија.


Додека буџетскиот iPhone Xr ќе биде претставен неколку дена подоцна, продажбата на Xs и Xs Max ќе започне на 21 септември. Цената на Xs ќе биде околу 1000 долари. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.