x

Официјално: LG прекинува со производство на смартфони!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 05 Април, 2021 од GSM.mk

Во официјална изјава, LG ги сподели големите вести со своите фанови..

LG потврди дека официјално ќе прекине со производството на смартфони, откако одлуката била прифатена од одборот на директори. Компанијата отсега ќе ги фокусира своите ресурси во областите и прозиводството на компонентни за електрични возила, IoT уреди, паметни домови, роботика, AI и B2B решенија.

LG officially out of the smartphone business

Тековно достапниот инвентар на смартфони сеуште ќе се продава и LG ветува хардверска и софтверска поддршка за клиентите неодредено време, кое ќе зависи од регионот. Процесот на "укинување" на пределот за смартфони на LG се очекува да се финализира до 31 јули, иако дел од производите можно е да бидат достапни и потоа.

Во официјалната изјава, компанијата се заблагодраи на лојалните фанови и се надева дека истите во иднина ќе ги поддржува останатите паметни технологии на компанијата.


Кое е вашето мислење за ваквата одлука на LG?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.