x

Официјално LG Stylo 6: 6.8 инчен дисплеј и три камери!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Мај, 2020 од GSM.mk

LG официјално го најави својот нов смартфон - Stylo 6. Еве што нуди:

Уредот е достапен од 20 мај. Ќе има голем, 6.8 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2460 пиксели. Димензиите се од 171.2 x 77.7 x 8.6 mm со тежина од 219 грама. На задниот дел се наоѓа скенерот за отпечатоци, заедно со систем од три камери кои се хоризонтално поставени. Од нив, главната е од 13 мегапиксели, додека другите две се од 5 мегапиксели, една широкоаголна и една за портрети. Селфи камерата е од 13 мегапиксели и сместена на notch во средина.

Работи на Helio P35 со 3GB RAM и 64GB меморија. Батеријата е од 4000 mAh и поддржува брзо полнење.

Цената е 220 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.