x

Официјално Moto G9 Plus: Голем екран, голема батерија и многу камери!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Септември, 2020 од GSM.mk

Новиот уред со прифатлива цена на Motorola припаѓа на Moto G серијата и доаѓа со подобрени спецификации во однос на G9:

Станува збор за Moto G9 Plus - уред кој доаѓа со 6.8 инчен со резолуција од 1080 x 2400 пиксели. Тело-дисплеј соодносот е од 20:9. На задниот дел, овој буџетски смартфон има систем од четири камери. Од нив, главната е од 64 мегапиксели, заедно со ултраширокоаголна од 8 мегапиксели и две од 2 мегапиксели. Селфи камерата е сместена над големиот дисплеј и е од 16 мегапиксели. Скенерот за отпечатоци е сместен од страна.

Mid-range Moto G9 Plus goes official with huge screen, huge battery, and a lot of cameras

Работи на Snapdragon 730G со 4GB RAM и 128GB меморија. Батеријата е можеби една од најимпресивните карактеристики на G9 Plus, бидејќи е од 5000 mAh. Иако ова е истата батерија која се наоѓа и во G9, разликата е што Plus моделот поддржува 30W TurboPower технологија за полнење.

Moto-G9-Plus-2.jpg

Цената на G9 Plus ќе биде од околу 400 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.