x

Официјално: Nokia 6 Android набрзо ќе биде претставен во Кина!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Јануари, 2017 од GSM.mk

Иако се појавија голем број гласини за карактеристиките и датумот на излегување на новиот Nokia телефон, конечно се појавија некои од неговите официјални спецификации!

Nokia 6 ќе има 5.5 инчен дисплеј заштитен со Gorilla Glass и резолуција од 1080 x 1920 (FHD). Уредот ќе работи на octa-core Snapdragon 430 процесор и Adreno 505 GPU. Ќе има 4GB RAM и 64GB меморија. Задната камера е од 16MP, а предната селфи камера е 8MP.



Телефонот ќе биде претставен на почетокот на оваа година и ќе чини околу 245 долари. HMD ја одбра Кина како првата држава која ќе го добие уредот поради големиот број на смартфон корисници (593 милиони).





Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.