x

Официјално Nokia 6.1 Plus: Android One и iPhone X дисплеј

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Јули, 2018 од GSM.mk

Партнерството на Nokia со Google за Android One програмата ни донесе голем број одлични уреди, а оваа година ни претстави уште еден таков смартфон, познат под името Nokia 6.1 Plus..

Пред само неколку месеци, Nokia X6 се појави на кинескиот пазар. Уредот доаѓаше со нов и современ дизајн - нова конструкција и целосен дисплеј. Но, поради законот во Кина против Google, беше еден од поретките уреди кој не беше дел од Android One програмата. Сега, неколку месеци подоцна, HMD Global го претстави новиот Nokia 6.1 Plus.

Станува збор за смартфон со 5.8 инчен дисплеј, резолуција од 1080x2280 пиксели и 19:9 сооднос. Вклучува современа, стаклена, конструкција со алуминиумски акцент. На задната страна, се наоѓа сензор од 16 мегапиксели, придружен од втор сензор од 5 мегапиксели, заедно со Dual LED блиц. Селфи камерата е, истотака, од 16 мегапиксели. Скенерот за отпечатоци се наоѓа под задните камери.

Предности:

  • Висок тело-дисплеј сооднос
  • Квалитетна камера
Преминувајќи во внатрешноста, се наоѓа Snapdragon 636 процесор, придружен од 6GB RAM и 64GB меморија. Работи на батерија од 3060mAh. Достапен е во сина, црна и бела боја. 


Сега за сега, сеуште не се знае на кои пазари точно ќе биде присутен уредот. Како и да е, знаеме дека неговата цена ќе биде околу 250 евра. Го очекуваме при крајот на јули или почетокот на август. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.