x

Официјално Nokia 7: 5.2 инчен дисплеј и Dual-Sight камери

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Октомври, 2017 од GSM.mk

Nokia 7 беше најавен во Кина од HMD Global. Да погледнеме што нуди смартфонот:

Nokia 7 нуди 5.2 инчен LCD дисплеј со резолуција од 1080 x 1920 пиксели. Доаѓа со стаклен и алуминиумски дизајн. Под хаубата, се наоѓа Snapdragon 630 со 4GB/6GB RAM и 64GB меморија. 

На задната страна, се наоѓа главната камера со 16 мегапиксели, а селфи камерата е од 5 мегапиксели. Dual-Sight функцијата им дозволува на корисниците да ги користат задната и предна камера истовремено. Ќе работи на батерија од 3000mAh и Android 8.0 Oreo.

Nokia 7 ќе биде претставен во Кина на 24 октомври. Почетната цена ќе биде 377 долари. Сега за сега, ќе биде достапен само на кинескиот пазар. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.