x

Официјално Nokia 7.1 Plus: Дизајн, фотографии, спецификации, цена

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Октомври, 2018 од GSM.mk

На 16 октомври, HMD Global го закажа претставувањето на својот нов смартфон - Nokia 7.1 Plus. Ова е се што знаеме за него:

Nokia 7.1 Plus ќе доаѓа со голем, 6.18 инчен LCD дисплеј и модерниот iPhone X дизајн, заедно со резолуција од 2246×1080 пиксели. Неговите целосни димензии ќе бидат 154.8×75.76×7.97 mm и ќе тежи 178 грама. 


Во внатрешноста на уредот ќе се наоѓа Snapdragon 710, 6GB RAM и 128GB меморија. Во однос на камерите, на задната страна ќе се наоѓаат 12 и 13 мегапикселни сензори, додека селфи камерата ќе биде од 20 мегапиксели. Батеријата ќе биде со капацитет од 3,500mAh. 


Последно, ја имаме и цената на Nokia 7.1 Plus - како и Nokia 5.1 Plus и 6.1 Plus, неговата продажба најпрво ќе започне во Кина, по цена од 390 долари. Потоа, го очекуваме и на другите пазари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.