x

Официјално: OnePlus 8T ќе биде најавен на 14 октомври!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 13 Октомври, 2020 од GSM.mk

OnePlus конечно го сподели официјалниот датум на најавување на долгоочекуваната OnePlus 8T серија:

OnePlus 8T ќе има 6.5 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2400 пиксели и сооднос од 20:9. Ќе доаѓа со стаклена конструкција со алуминиумска рамка. Скенерот за отпечатоци ќе биде под панелот. Ќе биде достапен во црна, зелена и сребрена боја.

Во внатрешноста ќе се наоѓа Snapdragon 865+ со 8GB или 12GB RAM и 128 или 256GB меморија. Батеријата ќе биде со капацитет од 4500 mAh.

На задниот дел ќе има систем со четири камери - 48 мегапикселна главна, 16 мегапикселна ултраширокоаголна, 5 мегапикселна макро леќа и 2 мегапикселна за портрети. Селфи камерата ќе биде од 32 мегапиксели.

 

Официјално, најавувањето на овој уред ќе биде на 14 октомври, во 16:00 часот.

Заинтересираните настанот може да го гледаат тука.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.