x

Официјално: OnePlus 8T со две батерии и четири камери!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Октомври, 2020 од GSM.mk

OnePlus конечно го претстави следбеникот на успешната на OnePlus 8 серијата:

Официјално, OnePlus 8T беше најавен со дизајн кој ги следи чекорите на OnePlus 8 серијата. Има голем дисплеј без рамки и селфи камера во горниот лев агол. За разлика од претходните уреди, овој пат 8T има сјајен, наместо матиран, финиш. Достапен е во Aquamarine Green (зелена) и Lunar Silver (сребрена) боја.

Инаку, самиот дисплеј е 6.5 инчен со 120Hz FHD+ AMOLED резолуција. Компанијата тврди дека "OnePlus 8T е првиот уред со рамен, 120Hz дисплеј кој добил A+ рејтинг од DisplayMate". Овој рејтинг не е изненадувачки, бидејќи сите екрани на компанијата во последните 2 години добиваат високи оценки. 

Со цел да нуди 5G поддршка, OnePlus 8T работи на Snapdragon 865 5G. Има две верзии - 8GB или 12GB RAM со 128G или 256GB меморија. Наместо една, има две батерии од 2250 mAh, или целосен капацитет од 4500 mAh. OnePlus го искористи своето најново решение за полнење на уредот - Warp Charge 65 или брзо полнење од 65W. Не е достапно безжично полнење.

The OnePlus 8T supports 65W charging, and a full charge takes just 39 minutes - The OnePlus 8T arrives with two batteries, a 120Hz flat display, and 65W fast charging

На задниот дел на уредот се наоѓа систем од четири камери во горниот лев агол. Од нив, главната е од 48 мегапиксели, заедно со ултраширокоаголна од 16 мегапиксели. Достапни се макро и монохроматска леќа. Може да снима и 4K видеа.

OnePlus 8T ќе биде достапен преку OnePlus.com страната од 23 октомври со цена од 749 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.