x

Официјално: Ова е Alcatel 3C

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 19 Јануари, 2018 од GSM.mk

Минатиот месец, TCL потврди дека ќе претстави нови смартфони за време на MWC. Кинеската компанија зборуваше за три смартфони: Alcatel 5, Alcatel 3 и Alcatel 1. По нив, беше најавен уште еден Alcatel уред..

Alcatel 3C беше претставен во Италија, а неговата продажба ќе започне во Европа при крајот на месецот. Сеуште не се знае во кои земји точно ќе биде достапен, но знаеме дека неговата цена ќе биде 130 евра.

Уредот доаѓа со голем, 6 инчен HD+ дисплеј, резолуција од 1440 x 720 пиксели и 18:9 сооднос. Во внатрешноста се наоѓа MediaTek MT8321 процесор, заедно со 1GB RAM и 16GB меморија. На задната страна се наоѓа камера од 8 мегапиксели, а предната е од 5 мегапиксели. 

Работи на батерија од 3000mAh и Android 7.0 Nougat. Ќе биде достапен во три бои: црна, сина и златна. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.