x

Официјално: Ова е цената на Samsung Galaxy Note 9 во Европа!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Август, 2018 од GSM.mk

Остана уште многу малку време пред Samsung да го претстави својот следен премиум уред - Galaxy Note 9. Веќе знаеме речиси се за уредот, а последно остана да ја дознаеме и неговата цена:

Додека го чекавме претставувањето на Note 9, закажано за 9 август, веќе се запознавме со неговите карактеристики и спецификации, како и со неговиот дизајн. Но, едно нешто за кое не бевме сигурни досега беше неговата цена. За среќа, цената на Note 9 во Англија тукушто беше откриена од доверливиот Roland Quandt.

Според него, ова се цените на Note 9:

  • Samsung Galaxy Note 9 128GB: £900 GBP
  • Samsung Galaxy Note 9 512GB: £1100 GBP
Како за споредба, ова беше цената на Note 8:
  • Samsung Galaxy Note 8 64GB: £870 GBP
Како што може да забележите, има разлика од £30 меѓу минатогодишниот Note 8 и очекуваниот Note 9. 
За малку полесни пресметки, цената на Samsung Galaxy Note 8 64GB е околу 900 долари. Додајте 50 долари и ги добивате цените на неговиот следбеник:
  • Samsung Galaxy Note 9 128GB: $950
  • Samsung Galaxy Note 9 512GB: $1,150
Што мислите, дали вреди да ја платите оваа цена за новиот Note 9?


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.