x

Официјално: Ова е датумот на претставување на OnePlus 7T!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Август, 2019 од GSM.mk

OnePlus претставува смартфони во T серијата на годишно ниво почнувајќи од 2016-та, а и оваа година нема да биде исклучок...

Уредот кој ќе биде претставен во 2019-та, а ќе биде следбеник на OnePlus 7 Pro е познат како OnePlus 7T и сега знаеме кога официјално ќе биде достапен.

Обично, OnePlus овие смартфони ги претставува на есен. Така и овој пат, OnePlus 7T официјално ќе биде најавен на 15 октомври.

Во однос на тоа што ќе го нуди, ќе доаѓа со Snapdragon 855 Plus, најмалку 6GB RAM и 128GB меморија. Би требало да биде достапна и верзија со 12GB RAM. На предниот дел ќе има 6.7 инчен Fluid AMOLED дисплеј, а камерите ќе бидат на лизгање. Батеријата ќе биде со капацитет од 4 000 mAh.

OnePlus 7T Pro concept render - Here's when the OnePlus 7T Pro will reportedly be announced

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.