x

Официјално: Ова е HTC One X10 со батерија од 4000mAh!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Април, 2017 од GSM.mk

HTC фановите беа возбудени за претставувањето на HTC One X10 уште од вестите кои ги сподели Evan Blass на твитер. Иако изгледаше на премиум модел, тоа не беше причината за возбудата, туку веста дека доаѓа со голема батерија...

HTC фановите не беа задоволни од две работи кај смартфоните: Првата беше задната камера, која е сега доста подобрена, а втората беше батеријата. Дури и кај HTC One (M8), кој имаше најдобра батерија во тоа време од 2600mAh, едвај успеваше да го држи уредот во живот. Потоа беше претставен HTC 10 со батерија од 3000mAh, но фановите бараа повеќе.

Конечно, поплаките беа слушнати. HTC One X10 доаѓа со батерија од 4000mAh, која е повеќе од доволна за уредот. Истоака, нуди Energy Saving Mode и Maximum Power Saving Mode. Покрај тоа, доаѓа со MediaTek P10, 3GB RAM и 32GB меморија. 


Дисплејот е 5.5 инчен со Super LCD 1080 x 1920 резолуција. Задната камера е од 16 мегапиксели, а предната е од 8 мегапиксели. Скенерот за отпечатоци е од задната страна.


Цената ќе биде 355 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.