x

Официјално: Ова е новата P40 серија на Huawei!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 27 Март, 2020 од GSM.mk

Преку онлајн настан, Huawei тукушто ја најави својата нова серија флегшип смартфони - P40. Да погледнеме што нудат новите уреди:

Станува збор за три нови модели - P40, P40 Pro и P40 Pro+.

Почнувајќи од најевтиниот меѓу нив, P40 доаѓа со 6.1 инчен OLED панел со резолуција од 2340 x 1080 пиксели. Изработен е од стаклена конструкција со метална рамка и скенерот за отпечатоци е под панелот. Неговите целосни димензии се од 148.9 x 71.06 x 8.5 mm и тежи 175 грама. Достапен е во сина, бела, црна, златна и сребрена боја. Како и останатите два, работи на Kirin 990 процесор, кој кај овој модел е придружен од 6GB RAM и 128GB меморија. Батеријата е од 3800 mAh.

На задниот дел се наоѓаат три камери од кои главната е од неверојатни 50 мегапиксели, заедно со втор сензор од 8 мегапиксели и трета камера од 16 мегапиксели која е ултраширокоаголна. Селфи камерата е од 32 мегапиксели и е придружена од втор сензор за подобри портрети. 

P30 Pro и P30 Pro+ имаат повеќе слични карактеристики. И двата доаѓаат со 6.6 инчен панел со резолуција од 2640 x 1200 пиксели. P40 Pro e достапен во сина, бела, црна, златна и сребрена боја, додека P40 Pro+ е достапен само во црна и бела боја. Истотака, P40 Pro доаѓа со стаклена конструкција и метална рамка, а кај P40 Pro+ овој материјал е заменет со керамичка конструкција, повторно со метална рамка. 

За разлика од P40, на задниот дел овие модели имаат четири камери. Покрај трите камери кои ги има стандардната верзија, се наоѓа и дополнителен, ToF сензор. Батеријата е поголема, со капацитет од 4200 mAh. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.