x

Официјално: Ова е Samsung Galaxy A8 (2018)!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Јануари, 2018 од GSM.mk

Официјално најавени минатиот месец, Galaxy A8 и A8+ (2018) требаше да се појават на пазарот во првата недела од јануари. Конечно, неколку недели подоцна, започна продажбата на Galaxy A8 (2018) во Холандија..

Во следните неколку недели и останатите европски држави ќе го добијат смартфонот. Поевтиниот од двата, Galaxy A8 (2018), всушност не е воопшто евтин, бидејќи неговата почетна цена е 500 евра. Достапен е во три бои: црна, сива и златна.

Во внатрешноста на уредот се наоѓа Exynos 7885, 4GB RAM и 32GB меморија. Доаѓа со 5.6 инчен Full HD+ Super AMOLED Infinity дисплеј и дуален систем камери од 16 и 8 мегапиксели.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.