x

Официјално: Ова е Samsung Galaxy J2 Pro (2018)!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Јануари, 2018 од GSM.mk

Samsung тивко го претстави својот нов нискобуџетен смартофон, Galaxy J2 Pro (2018). Да погледнеме што нуди:

Galaxy J2 Pro (2018) ќе биде достапен во три бои, црна, сина и златна, а неговата цена ќе биде 145 долари. Прво ќе биде претставен само на неколку места, а потоа и на глобално ниво. 


Доаѓа со 5 инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 540 x 960 пиксели. Работи на Android 7.0 Nougat и батерија од 2600mAh. На задната страна се наоѓа солидна камера од 8 мегапиксели, а селфи камерата е од 5 мегапиксели. Во внатрешноста се наоѓа 1.5GB RAM и 16GB меморија. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.