x

Официјално: Ова е Samsung Galaxy Tab A (2017)

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 12 Октомври, 2017 од GSM.mk

Да погледнеме што нуди новиот таблет на Samsung, Galaxy Tab A (2017):

Уредот доаѓа со 8 инчен дисплеј и резолуција од 800 x 1280 пиксели. Под хаубата, се наоѓа Snapdragon 425, заедно со 2GB RAM и 16GB меморија. Работи на батерија од 5000mAh и Android 7.1 (Nougat).


На задната страна се наоѓа камера од 8 мегапиксели со LED блиц, а селфи камерата е од 5 мегапиксели. Достапен е во црна и златна боја. 


Galaxy Tab A  е веќе достапен и неговата цена е 250 евра. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.