x

Официјално: Ова е Samsung Galaxy Tab Active 2

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 22 Октомври, 2017 од GSM.mk

Пред неколку дена се појавија првите слики од новиот таблет на Samsung, Galaxy Tab Active 2. Сега, компанијата официјално го претстави уредот. Да погледнеме што нуди:

Galaxy Tab Active 2 доаѓа со 8 инчен дисплеј и резолуција од  800 x 1280 пиксели. Под хаубата се наоѓа Exynos 7870, заедно со 3GB RAM и 16GB меморија, која може да се прошири до 256GB. 


На задната страна се наоѓа 8 мегапикселна камера, а селфи камерата е од 8 мегапиксели. Работи на батерија од 4450mAh и Android Nougat. Благодарение на неговата водоотпорност, може да издржи до 1.5 метри под вода, до 30-тина минути. 

Samsung Galaxy Tab Active 2 ќе биде претставен при крајот на месецот. Неговата цена е непозната.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.