x

Официјално: Ова се трите верзии на LG Q6!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Јули, 2017 од GSM.mk

После голем број гласини, LG конечно го претстави LG Q6. Ова е првиот уред од новата Q серија, кој нуди премиум перформанси по одлична цена...

Но, сега доаѓа интересниот дел. Постојат три верзии од телефонот. Сите вклучуваат 5.5 инчен дисплеј со FHD+ резолуција од 1080 x 2160 пиксели. Под хаубата, кај сите се наоѓа Snapdragon 435 процесорот, но доаѓаат со различни RAM мемории. LG Q6+ нуди 4GB RAM и 64GB меморија. Достапен е во Astro Black, Ice Platinum и Marine Blue. LG Q6 доаѓа со 3GB RAM и 32GB меморија. Достапен е во Astro Black, Ice Platinum, Mystic White и Terra Gold. Последно, го имаме LG Q6a со 2GB RAM и 16GB меморија, достапен во Astro Black, Ice Platinum и Terra Gold.

Сите три верзии содржат 13 мегапикселна задна и 5 мегапикселна предна камера. Android 7.1.1 е однапред инсталиран, а батеријата е од 3000mAh. Најпрво, уредите ќе бидат достапни во Азија, а потоа и во Европа, Јужна и Северна Америка. Цените сеуште не се познати, но веројатно LG Q6+ ќе биде најскап од нив, а LG Q6a најевтин. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.