x

Официјално: PUBG Mobile Lite

Категорија: Забава Објавено на 11 Август, 2019 од GSM.mk

Официјално, опуларната PUBG мобилна игра отсега ќе биде достапна и за послабите смартфони...

Новата верзија е дизајнирана со цел да биде компатибилна со уреди со помалку од 2GB RAM. Во моментот, достапна е во Google Play Store за уреди во Азија, Африка и Јужна Америка. За неколку дена ќе биде достапна и во Европа. Нејзината големина е само 490MB. 

Играта доаѓа со помала мапа за 60 играчи, за разлика од стандардната која е за 100 играчи. Доколку досега немавте шанса да ја играте, бидејќи имате послаб уред, со оваа верзија компанијата ветува дека станува збор за истата игра и е оптимизирана да го нуди истото гејмерско искуство како и оригиналната.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.