x

Официјално Samsung Galaxy A9 (2018): Првиот телефон со четири камери на задната страна во светот!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Октомври, 2018 од GSM.mk

Веќе подолго време слушаме за интересен телефон од Samsung со четири камери на задната страна. Официјално, ова е Samsung Galaxy A9 (2018):

Во однос на дизајнот, Galaxy A9 е дефинитивно уред од средната класа со премиум изглед - има алуминиумска рамка и стаклена конструкција. За разлика од S9 уредите, дисплејот на A9 е рамен. Сепак, станува збор за 6.3 инчен Samsung AMOLED панел со резолуција од 1080 x 2220 пиксели и 18.5:9 сооднос. 



Скенерот за отпечатоци е сместен на задната страна, веднаш под четирите камери. Како што рековме, бројот на камери е една од најинтересните карактеристики на A9. Но, зошто четири камери? Која е нивната функција? Да погледнеме подетално:

Samsung Galaxy A9 (2018): the world's first quad-camera phone is official!

  • Главна камера: Ова е камерата која ќе ја користите најчесто, за вашите "обични" фотографии. Станува збор за 24 мегапикселна леќа која нуди одлични бои и детали, како и природен "bokeh" ефект.
  • Телефото камера: Станува збор за 10 мегапикселна камера, која, како што кажува самото име, нуди 2x оптички зум и природни портрети, без искривување на објектот, како што би се случило со широкоаголна леќа.
  • Ултра-широкогоаголна леќа: Повторно, самото име ја кажува нејзината функција. Со широкоаголна леќа од 120 степени, оваа 8 мегапикселна кмаера е наменета за фотографиите со кои сакате да фатите поголем дел од средината која ја сликате.
  • Последно, го имаме 5 мегапикселниот сензор кој служи како "асистент" на другите камери, пресметувајќи ја длабочината додека другите сензори си ја вршат работата.
Во внатрешноста на A9, се наоѓа Snapdragon 660 придружен од две верзии - една со 6GB RAM и друга со 8GB RAM, како и 128GB меморија. Батеријата е од 3,800 mAh, речиси колку онаа на Note 9.
Продажбата на Samsung Galaxy A9 ќе започне во ноември, по цена од 599 евра. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.