x

Официјално Samsung Galaxy A9 Star: Чуден дизајн и дуален систем камери

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Јуни, 2018 од GSM.mk

По низа шпекулации во последните неколку недели, Samsung конечно го претстави Galaxy A9 Star - уред наменет да врати дел од загубениот пазарен удел на компанијата во Кина..

Во дизајнот, Galaxy A9 Star изгледа како секој Samsung уред од предната страна. Значи, станува збор за Super AMOLED Infinity дисплеј со минимални рамки од горната и долната страна. Но, од заднатиот дел е сосема различна приказна.

Класичниот Samsung дизајн кој се наоѓа кај повеќето уреди од средната класа е целосно заменет со дизајн кој наликува на iPhone X. Почнувајќи од камерите, се наоѓаат две, вертикално поставени леќи, заедно со dual-tone LED блиц под нив. Поради тоа, скенерот за отпечатоци е сместен на средина од панелот. 

Во внатрешноста, A9 Star нуди Snapdragon 660, заедно со 4GB RAM и 64GB меморија. Истотака, батеријата е импресивна и голема, од 3,700mAh. 

Покрај него, Samsung најави уште еден сличен смартфон - Galaxy A9 Star Lite. Цената на A9 Star ќе биде 470 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.