x

Официјално: Samsung Galaxy Tab A 8.0 (2019)

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 07 Јули, 2019 од GSM.mk

Пред неколку години се појавија првите информации за новите таблети кои ги подготвува Samsung, а веќе денес компанијата официјално го претстави Galaxy Tab A 8.0 (2019):

Со цел да го зголеми своето Android портфолио, Samsung го претстави Galaxy Tab A 8.0 (2019). Според компанијата, станува збор за "идеален таблет со кој може да уживате секојдневно, каде и да се наоѓате". 

И покрај тоа што е буџетски таблет, Galaxy Tab A 8.0 (2019) доаѓа со метална конструкција. Како што кажува името, на предната страна има 8 инчен панел со 16:10 тело-дисплеј сооднос. 


Од друга страна, во внатрешноста нуди исти спецификации како и сите други буџетски уреди. Имено, под хаубата се наоѓа Snapdragon 429, 2GB RAM и 32GB меморија. Главната камера е од 8 мегапиксели, додека селфи камерата е од 2 мегапиксели. Работи на батерија од 5,100 mAh.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.