x

Официјално: Samsung Galaxy Xcover 4s

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Јуни, 2019 од GSM.mk

Голем дел од фановите не се запознаени со Galaxy Xcover серијата на Samsung - уреди од средната класа со издржлив дизајн и солидни спецификации. Но и покрај тоа, компанијата продоложува да претставува вакви уреди...

Последно, компанијата го претстави Samsung Galaxy Xcover 4s кој изгледа речиси идентично со неговиот претходник од надворешноста, со истиот диспле со дебели рамки и трите физички копчиња лоцирани под 5 инчниот TFT HD панел со резолуција од 1280 x 720 пиксели и традиционален 16:9 сооднос. Истотака, во внатрешноста се наоѓа истата батерија од 2,800 mAh.

Samsung officially unveils new rugged phone with modern software and archaic design

Покрај батеријата, уредот работи на Exynos 7885 кој е помоќен процесор од оној на неговиот претходник. Станува збор за истиот процесор кој се наоѓа во Galaxy A8 и A8 Plus (2018), заедно со 3GB RAM. Во однос на претходникот, доаѓа со подобрена камера од 16 мегапиксели.

Цената на Samsung Galaxy Xcover 4s ќе биде околу 300 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.