x

Официјално Vivo NEX: Смартфон со најтенки рамки на пазарот!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Јуни, 2018 од GSM.mk

Смартфони како iPhone X, Galaxy S9/S9+, Xiaomi Mi Mix 2/2s и многу други, доаѓаат со неверојатен тело-дисплеј сооднос од над 80%, но тоа не е доволно. Запознајте го Vivo NEX - телефонот со најтенки рамки на пазарот:

Претходно познат како Vivo Apex, уредот доаѓа со тело-дисплеј сооднос од 91.24%, највисок кој сме го виделе досега. Станува збор за 6.59 инчен FHD+ Super AMOLED со тенки рамки од страните и речиси невидливи од горниот и долниот дел. Целосната големина на уредот е слична како онаа на Galaxy Note 8 - димензии од 162×77×7.98mm и тежина од 199gr.

The most bezel-less phone in the world goes official: Manufacturers, take notes from the Vivo NEX

Бидејќи нема посебно делче, селфи камерата се наоѓа на механизам кој се појавува само кога ви е потребен. Станува збор за 8 мегапикселен сензор. Истотака, скенерот за отпечатоци е вметнат под дисплејот. 

The most bezel-less phone in the world goes official: Manufacturers, take notes from the Vivo NEX

Во внатрешноста, уредот доаѓа со Snapdragon 845, 8GB RAM и 256GB меморија. Работи на батерија од 4,000mAh. Како и сите модерни смартфони, има две камери на задната страна - една од 12 и друга од 5 мегапиксели. Работи на Android 8.1. 

Додека цената сеуште не е позната, за жал, Vivo NEX ќе биде достапен само во Кина. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.