x

Официјално Xperia XZ2 Premium: 4K HDR дисплеј и дуален систем камери

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 17 Април, 2018 од GSM.mk

По најавувањето на Sony Xperia XZ2 во февруари, сега, два месеци подоцна, Sony претстави нов премиум уред, за они во потрага по моќни спецификации. Запознајте го Sony Xperia XZ2 Premium:

XZ2 Premium доаѓа со една од највисоките резолуции на екранот досега видена на смартфон - 4K HDR дисплеј, и доаѓа со дуален систем камери со кои може да правите фотографии во речиси целосна темнина. Истотака, XZ2 Premium може да снима 4K HDR видеа. 

XZ2 Premium би го нарекле супер-моќната верзија на Xperia XZ2 во речиси секој можен начин: иако и двата доаѓаат со ист дизајн, XZ2 Premium има екран со повисока резолуција, дуален систем камери со нови способности и висококвалитетно аудио искуство. 

Да ги погледнеме неговите спецификации на кратко:

  • Платформа: Android 8.0 Oreo
  • Димензии: 80mm x 158mm x 6.4-11.9mm
  • Snapdragon 845 со 6GB RAM
  • 5.8 инчен 4K HDR LCD дисплеј
  • 16:9 сооднос
  • Нов дуален систем камери
  • 13 мегапикселна селфи камера
  • Батерија од 3,450mAh
  • Безжично полнење
  • Водоотпорност

Sony unveils new Xperia XZ2 Premium with 4K HDR screen and dual camera


Sony сеуште ја нема најавено официјалната цена на Xperia XZ2 Premium, но уредот ќе биде претставен ова лето. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.