x

Она кога социјални мрежи ви водат неспособни луѓе: Политичар се појави како маче на Фејсбук

Категорија: Забава Објавено на 23 Јуни, 2019 од GSM.mk

Политичар во северозападен Пакистан одржа прес-конференција што се пренесуваше во живо на Фејсбук со вклучен „маче филтер“, поради што сите го гледаа со мачешки мустаќи и уши.

Обраќањето на регионалниот министер Шаукат Јусафзаи до новинарите стана вирална сензација на социјалните мрежи. Иако беше избришано во рок од неколку минути откако заврши прес-конференцијата, веќе беше доцна, бидејќи и сами знаете колку брзо се зачувува сѐ што ќе се појави на интернет денес.

Јусафзаи потврди дека имало пропус кај тимот што му ги води социјалните мрежи, но нагласи дека тоа се случило по грешка.

„Не бев само јас, двајца владини службеници што седеа до мене исто така добија мачешки уши и мустаќи“, рече тој низ смеа.

„Преземени се сите неопходни мерки да е спречат вакви грешки во иднина“, соопштија од неговиот кабинет.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.