x

OneDrive доби Dark Mode на Android телефоните!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 15 Март, 2020 од GSM.mk

Уште една корисна Android платформа доби Dark Mode!

Речиси 6 месеци откако Dark Mode се појави за OneDrive на iOS уредите, Microsoft ја овозможи опцијата и за Android уредите. Со оглед на тоа што OLED панелите се користат се повеќе и повеќе, Dark Mode е само еден начин на кој корисниците можат го заштитат својот вид. Веќе поголем дел од популарните апликации, како Gmail, WhatsApp, Facebook Lite, Google Translate и многу повеќе, доаѓаат со оваа опција.

Dark Mode ќе биде достапен со 6.0.1 верзијата од апликацијата. За да се активират на OneDrive, одете во Settings менито и кликнете на Theme опцијата. Тука може да одберете меѓу Light, Dark или System Default. Последната е глобална тема со која телефонот само одлучува кога да користи Dark Mode според светлината. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.