x

OnePlus 5: Одлични камери и издржлива батерија!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 10 Септември, 2017 од GSM.mk

OnePlus 5 е смартфон кој OnePlus го претстави во јуни. Уредот доаѓа со интересни карактеристики, кои вреди да ги споменеме. Да погледнеме:

Предности

  • Одличен софтвер
  • Долготрајна батерија
  • Дуалниот систем камери работи одлично
  • Не е евтин колку претходниот модел, но сепак доаѓа со супер цена
Негативности
  • Недостасуваат премиум спецификации
  • Слаби аудио перформанси
OnePlus 5 може да го најдете во Ledikom.mk по цена од 35,690 ден.
Да започнеме со дизајнот. OnePlus 5 доаѓа со речиси идентичен дизајн како OnePlus 3T. Единствената разлика се заоблените краеви и делови на горната и долната страна. Голем број од фановите го споредуваат неговиот изглед со iPhone 7 Plus, особено од задната страна со дуалниот систем камери. Што мислите вие?

Кога сме кај камерите, телефонот доаѓа со две 16 мегапикселни камери од задната страна, кои содржат автофокус и dual-LED блиц. Селфи камерата е истотака од 16 мегапиксели. Достапен е во црна и сива варијанта. 

Под хаубата, се наоѓа Snapdragon 835, заедно со 8GB RAM и 128GB RAM. Работи на батерија од 3300mAh и Android 7.1.1 (Nougat). 
Неколку фотографии направени со OnePlus 5:



Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.