x

OnePlus 5T: Официјални спецификации и први фотографии!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Ноември, 2017 од GSM.mk

Само неколку дена пред неговото претставување, се појавија официјалните спецификации на OnePlus 5T, како и неколку фотографии од уредот..

Како што може да видите од сликите, нема некои изненадувања во дизајнот на уредот. Како што беше предвидено, смартфонот наликува на Oppo R11s, со својот 6 инчен AMOLED дисплеј, резолуција од 1080 x 2160 пиксели и 18:9 сооднос.

Galaxy S8 vs Xiaomi Mi Mix 2 vs OnePlus 5T

Под хаубата, ќе се наоѓа Snapdragon 835 процесор. Ќе бидат достапни две верзии, едната доаѓа со  6 GB RAM + 64 GB меморија, а другата со 8 GB RAM + 128 GB меморија. Дуалните камери вклучуваат Portrait Mode, а батеријата ќе биде од 3300mAh. 


Официјално, OnePlus 5T ќе биде претставен на 16 ноември. Возбудени? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.