x

OnePlus 6 пристигнува во март со скенер за отпечатоци вметнат во дисплејот

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Декември, 2017 од GSM.mk

OnePlus 5T беше претставен во ноември, но веќе започнаа шпекулациите за OnePlus 6..

Според новите информации, OnePlus 6 ќе доаѓа со скенер за отпечатоци вметнат во дисплејот. Samsung се обиде да ја воведе ваквата технологија во моделите кои ги претстави оваа година, но неуспешно. Поради тоа, Galaxy S8, Galaxy S8+ и Galaxy Note 8 доаѓаат со скенери на задната страна.

Понатаму, се зборува дека OnePlus 6 ќе доаѓа со Snapdragon 845 под хаубата. Дисплејот ќе биде 6 инчен, со 18:9 сооднос и резолуција од 1080 x 2160 пиксели. Тенките рамки на OnePlus 5T најверојатно ќе ги видиме и кај OnePlus 6. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.